Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeGallerySearchLatest imagesRegisterLog in

 

 Општо за интернетот

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin



Број на мислења : 22
Join date : 2008-08-06

Општо за интернетот Empty
PostSubject: Општо за интернетот   Општо за интернетот EmptyMon Sep 13, 2010 2:18 pm

Интернет (англиски: Internet или the Net; во превод: меѓумрежа или семрежје (не постои официјален превод)) е јавно достапен систем на меѓусебно поврзани компјутерски мрежи од целиот свет, кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество протоколи означено како TCP/IP. Интернет се состои од голем број мали и големи, домашни, деловни владини и невладини мрежи, кои што заедно пренесуваат различни информации и услуги, како електронска пошта, директен разговор, како и меѓусебно поврзани web-страници и други документи од Пајажината ( Светски Распространета Пајажина - World Wide Web / WWW ).
Наспроти општоприфатеното користење термините интернет и web не се синоними: интернетот е збирка на меѓусебно поврзани компјутерски мрежи, поврзани со бакарни жици, оптичковлакнени кабли, безжични врски и слично, додека пајажината е збирка на меѓусебно поврзани документи со користење хиперврски и адреси ( Uniform Resource Locator / URL ), до кои што може да се пристапи со користење на интернет. Покрај пајажината, интернетот обезбедува и многу други сервиси, како е-пошта, споделување на датотеки итн.
Историја на интернетот и што е тоа интернет

Корените на интернет се во ARPANET, американска одбранбена мрежа создадена во 1969 година. Првата TCP/IP мрежа е направена на 1 јануари 1983 така што овој датум е земен за создавањето на интернетот. Во тоа време интернетот можеле да го употребуваат универзитетите, војската и некои други државни организации во САД и бил наречен NSF (National Science Fondation) или Национална Научна Фондација. Интернетот доби комерцијална употреба дури во 90-десетите години.
Во август 1991 година од CERN (европска организација за нуклеарни проучувања) го претстави проектот World Wide Web, а две години потоа е се претставени и HTTP протоколот и HTML кодот. Беше создадена првата web страна на CERN. А веќе во 1993 година беше создаден и првиот графички пребарувач Mosaic web browser 1.0. Во 1996 година зборот Интернет веќе стана популарен и интернетот започна да се употребува за комерцијалните и приватните потреби. Така што според последните статистики направени на 1 јануари 2006 год. интернетот го користат една милјарда луѓе.
Интернетот претставува множество од сервиси кои работат врз поврзаните компјутерски мрежи низ целиот свет со што се овозможува брза размена на информациите односно податоците преку постоечките телефонски линии. Името интернет е добиено како кратенка од INTERnational NETwork - INTERNET што во превод би значело меѓународна мрежа. А во неа се вклучени милиони луѓе од светот.
-Структура и организација на интернетот-
Интернет како мрежа постои веќе триесетина години, меѓутоа со појавата на World Wide Web (WWW) интернет станува она што го знаеме денес.
Во почетокот на интернетот било комплицирано барањето на податоците, корисниците биле принудени рачно да ги испишуваат наредбите. Поголем број корисници не сака или не ги знае наредбите.
Затоа 1989 година Tim Berners Lee од Европската лабораторија за нуклеарна физика во Швајцарија CERN, пишува предлог за изработка на единствен хипер текстуален програм за дистрибуција на податоците помеѓу луѓето, т.е. сѐ уште само на научниците бидејќи 1989 година суште немало голем број на домашни компјутери и имало многу мал број на корисници ја интернет.
Крајот на 1990 година почнал да се развива и самиот проект WWW. Започува со развој на првата програма за пристап на WEB со едноставно име WWW. Овој програм работел со текстуално пребарување. Кон крајот на 1992 година, веќе постоеле 50тина опслужувачи за WWW. Набрзо е напишан и првиот прегледувач со графички приказ Viola, а напишана е и првата верзија на HTML (Hyper Text Marcup Language), толку поедноставна од денешната, но постоењето на хипер врски за поврзување на документите овозможува лесно пребарување и сосема доволна достапност на информациите.

Почетокот на 1993 година Marc Andreessen од NCSA (National Center for Supercomputing Applications) напишал и друг таков пребарувач, наречен Mosaic. Marc 1994 година основа фирма Netscape Communications и покрај Tim Berners се смета за најзначен човек за развојот на WWW.
При крајот на 1994 година, проектот за развој на WWW го презема Конзорциумот W3 кој заеднички го основале CERN и MIT (Massachusetts Institute of Technology).
1994 година еволуира и HTML кој во верзијата 2.0 донесува подршка за некои клучни новини како што се: формулари и обрасци. Истата година излегува и првата верзија на Netscape кој донесува една многу важна новост, прикажување на JPEG слики (другите прелистувачи биле ограничени само на GIF-ови).
1995 година Netscape излегува со верзијата 1.1 и воведува додатни новости, меѓутоа надвор од важечките стандарди за HTML јазик. Внесува свои тагови, како што се оние за позадини и таблици. Иако ова предизвика бројни расправи за исправноста на таквата постапка, Netscape-овите тагови почнуваат да владеат на мрежата.
1995 година излегуваат и Windows 95 од фирмата Microsoft која тоа време не беше свесна за важноста на интернетот па поради тоа, како додаток, исфрла слаба верзија на Internet Explorer прелистувач.
1996 година Netscape исфра верзија по верзија, на што Microsoft одговара со Internet Explorer 2.0, кој најавува создавање на уште еден моќен прелистувач, јака конкуренција на популарниот Netscape.
После неуспешни стандардизации на HTML 3.0, W3 дига раце од HTML, за после излегување на Internet Explorer 3.0, кој е много подобар од истобројната верзија на Netscape, да се врати на следењето на развојот на HTML стандардот, по што излегува HTML 3.2.
1997 година излегува четвртата верзија на HTML јазикот, а на пролет истата година, двете фирми исфрлаат свои пребарувачи со бројот 4.0.
1998 година под надзор на W3 конзорциумот, конечно излегува HTML 4.0 во три подверзии:
HTML 4.0 Strict – наменет за употреба на Cascade Style Sheets (CSS);
HTML 4.0 Transitional – има презентациски можности и
HTML 4.0 Frameset – за употреба на рамки (фрејмови)
19 декември 2000 година W3 конзорциумот официјално ги издава xHTML 1.0 стандардите.

-Адреси на интернет-

Адресите се формирани слично како и поштенските адреси: име, презиме, улица, број итн. Знаеме дека кога патува некое писмо, прво се гледа државата, потоа местото , улицата ,бројот и на крајот името на примачот . Слично е и во интернетот. Секоја држава има своја единствена интернационална адреса т.е кратенка наречена код. На пример кодот за Македонија е .mk за Грција .gr за Франција .fr, Велика Британја .uk итн. Кога патува некое писмо, откако ќе ја видиме државата потоа го бараме местото. Но бидејќи во секоја држава има многу различни места, адресите на Интернет не се земени по места туку по дејности, бидејќи дејностите , како што се :образование, стопанство, управа итн. ги има во секоја држава. Овие дејности се наречени домени. Во интернетот постојат 6 домени. Нивните имиња се кратенки од англиското име за дејноста и тоа:
- edu – за образование
- com – за стопанство
- gov -- за управа
- mil – за војска
- org -- за непрофитни организации
- net -- за компјутерски мрежи
А за улица се земени организациите и подорганизациите во дејноста. Така во образованието во Македонија постојат повеќе организации и подорганизации како што се универзитетите и факултетите. На пример името на гимназијата ,, Јосип Броз - Тито” на интернет е јбт , а на некоја гимназија е дсу. Овие имиња всушност се имиња на под – домени. На пример некој студент он некој фалкултет си дал интернет име гоце тогаш неговата интернет адреса е goce@jbt.dsu.edu.mk. Знакот @(at) означува припадност, што значи гоце припаѓа на односно е под-домен на jbt.dsu.edu.mk овој домен е под-домен на dsu.edu.mk , кој пак е под домен на доменот за образование edu.mk , а тој е под-домен на доменот mk кој е под домен на интернет.
Се надевам дека ке научите нешто во врска со интернетот ако не бар прочитајте го ова Smile
Back to top Go down
http://ftw-gaming.tk
 
Општо за интернетот
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
 :: ИТ - Дискусии :: Интернет-
Jump to:  
Powered by @ Forumotion Copyright AotSports 08' (c)


Free forum | ©phpBB | Free forum support | Report an abuse | Forumotion.com